Се прави канализациона мрежа во Дабиље и Просениково

Се прави канализациона мрежа во Дабиље и Просениково

1229
0
АКЦИЈА

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, извршија увид во градежните работи на канализациона мрежа во селото Дабиље, која се очекува да биде готова есента.


Станува збор за поставување мрежа од околу 7,4 километри, со кој жителите веќе нема да се изложуваат на трошоци за чистење на септичките јами со кои ја загадуваа животната средина. Проектот се реализира преку Европската Инвестициона банка – „Водоснабдување и одведување отпадни води“.Се прави канализациона мрежа во Дабиље и Просениково, ќе нема повеќе септички јами

Освен во Дабиље привршува канализационата мрежа и во Просениково. За двата системи потрошени се околу 36 милиони денари. Градоначалникот на општина Струмица, најави канализациони мрежи и во Банско и Вељуса.