Се активира Општинскиот штаб за заштита и спасување со превентивни мерки по...

Се активира Општинскиот штаб за заштита и спасување со превентивни мерки по најавите за невреме во регионот

1093
0
АКЦИЈА

По најавите од Управата за хидрометеорлошки работи за обилни врнежи од дожд во наредните денови, на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски,вчера, 13.05.2019 се активираше Општинскиот штаб за заштита и спасување. На седницата на која што присуствуваа претставници на Јавното претпријатие „Комуналец“, Противпожарната единица, Струмичко поле, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи и општина Струмица, беше разгледана состојбата со браните „Турија“, „Водоча“ и „Маркова река“, состојбата на реките, пороите, каналите за одводнување и атмосферската канализација во урбаните делови на градот и населените места во општина Струмица. Ð¤Ð¾Ñ‚ографија на Општина Струмица.


При тоа беше констатирано дека браните се во добра состојба, каналите и пороите исто така, како резултат на нивното чистење од страна на општина Струмица и „Комуналец“. Согласно процената на загрозеност на подрачјето на општина Струмица, како критични точки беа констатирани мостот кај Софилар и Ракиџиски мост каде што ќе се направи итна интервенција. Истовремено ќе се известат и приватните фирми  кои располагаат со соодветна механизација да бидат подготвени за интервенција доколку биде потребно.

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“  започна со вонредна акција за чистење на сливниците на критичните точки низ градот, како што се улиците: „Младинска“, „Ѓорги Василев“, „Ката Поцкова“, Ристо Ќурчиев“, „Браќа Минкови“ и „Боро Поцков“, „Бошко Буха“, „5-ти Ноември“. Се изврши и вонредно чистење на каналот „Свети Илиски“. Проверени се сите кризни точки каде што се очекува голема количина на вода и континуирано ќе се следи состојбата на овие делови од градот.