Расчистување на дива депонија кај село Раборци

Расчистување на дива депонија кај село Раборци

108
0
АКЦИЈА

По пријава од наш сограѓанин за нова дива депонија на патот кон село Раборци екипа од ЈПКД „Комуналец“ утрово излезе на терен и започна со чистење на дивата депонија. Поради обемноста на работата депонијата ке се чисти и во текот на викендот се со цел местото да се врати во првобитната состојба. Состојбата на терен е ужасна, на огромна површина на место покрај самиот пат има секаков вид на отпад, градежен, пластика, делови од мебел и покуќнина. ЈПКД „Комуналец“ со сите свои ресурси човечки и технички е секогаш присутен на терен обидувајки се да ја уреди и исчисти околината во која живееме. Покрај секојдневните апели, разговори со граѓаните да го пријавуваат својот одпад кој ке им биде подигнат од пред нивните домови, поединци со своите постапки намерно прават нови депонии уништувајки ја природата и животната средина. Се додека е така, колку и да работиме ние како јавно претпријатие ,заедно со помош од разни невладини организации и загрижени граѓани немоќни сме да исчистиме насекаде. Се додека не проработи свесноста кај сите нас дека отпадот не се фрла насекаде се додека сите не разбереме дека животната околина треба да се одржува чиста, нашата работа, нашата животна средина, и нашиот живот ке нема никаква цел, убавина. Од сите нас зависи како ке живееме и во каква околина ние и нашите деца ке го поминеме животот. Затоа повикот е до сите ѓрагани да запреме со фрлање отпадоци насекаде за да имаме поубаво место за живеење.