Продолжува чистењето на локалните диви депонии

Продолжува чистењето на локалните диви депонии

1011
0
АКЦИЈА

Продолжуваат акциите за чистење на неправилно одложениот комунален отпад во повеќе населени места на територијата на Опшина Струмица. Со вакви конкретни теренски активности Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД “Комуналец“ во соработка со Општина Струмица периодов интензивно работат на порамнување и отстранување на комуналниот отпад од локалната  депонија која се наоѓа на патот помегу Куклиш и Муртино.  Се апелира до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут да не го депонираат на места кои не се одредени за таа намена.