Продолжува доставувањето на нови корпи за отпадоци

Продолжува доставувањето на нови корпи за отпадоци

1080
0
АКЦИЈА

ЈПКД ,, Комуналец ,,  во соработка со Општина Струмица денес и утре продолжува  со доставувањето на  3000 нови корпи за отпадоци. Се делат на повеке локации низ горниот дел на градот Струмица. Се известуваат домаќинствата  кои не добиле, и нема да  добијат  корпи поради нивно отсуство во текот на акцијата,  дека корпите можат да ги подигнат од  дворот на ,,ЈПКД Комуналец Струмица,, со лична карта од носителот на комуналното право.