Продолжува генералното чистење на Општина Струмица

Продолжува генералното чистење на Општина Струмица

853
0
АКЦИЈА

ЈПКД „ Комуналец „ со своите  вработени од Одделениjaта “Комунална Хигиена“, “Одржување и управување со градските гробишта“, “Одржување и управување со јавно зеленило“ и секторот “Механизација“ продолжува   со генерално летно чистење на општината. Се работи активно на чистење на тротоарите и патот на излезот од Струмица спрема населеното место Дабиље. Во акцијата се сечат сите гранки кои надвиснуват над тротоарите, се косат и израснатите треви се собира наносот од земја кој е наталожен по тротоарот и асвалтот. Со претходните вакви акции и со оние што следуваат Јавното претприатие за комунални дејности Комуналец секогаш со  сите свои расположиви средства и човечки ресурси се обидува да ја оддржи јавната хигиена, да го зачува и подобри убавиот и урбан изглед на општината, а со секојденевни апели укажува на граѓаните за совесно однесување и поголема еколошка свест со што ке добиеме поубава почиста средина во која сите ние ке се чуствуваме поубаво и попријатно.