Повторно исчистена дивата депонија покрај патот кон населено место Баница

Повторно исчистена дивата депонија покрај патот кон населено место Баница

2743
0
АКЦИЈА

По реакцијата од граѓани на Општина Струмица за настанатата дива депонија создадена од несовесни граѓани, со своја реакција се огласи раководителот на одделението “Комунална Хигиена” Бранко Горѓиев “Посочената депонија само оваа 2018 та година се чисти седум пати и пак се повторува. Потребно е да се поработи на еколошката култура на жителите на оваа околина” исто така додава дека отпадот од населеното место Водоча се подига два пати неделно и тоа среда и сабота… Екипите на ЈПКД ,,Комуналец ,, Струмица редовно излегуваат на терен и го собираат сметот од настанатите диви депонии. Денеска беше исчистен патот на излезот од село Баница до село Водоча. Апелираме до сите наши граѓани да не го оставаат губрето покрај патиштата туку да се јават во ЈПКД ,, Комуналец ,, и истото ке биде подигнато.