О Г Л А С за продажба на утврден расход на...

О Г Л А С за продажба на утврден расход на основни средства и опрема

692
0
АКЦИЈА

Врз основа на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, број  02- 6674/10  од 16.11.2023 год.   и  член 34 став 12 од Статутот на ЈПКД “Комуналец“ – Струмица, Комисијата за спроведување на постапка за јавно надавање на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица со седиште на ул.“Kлимент Охридски“ бр. 35б во Струмица  ,објавува


 

 

О Г Л А С

 

за продажба на утврден расход на основни средства и опрема  сопственост на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица по пат на јавно наддавање- Трет  пат (старо железо)

  1. Предмет на продажбата се расходувани основни средства и опрема кои се  сопственост на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица:

– Mерцедес еконик  СР -2640- АЦ;

– Мерцедес еконик  СР -856 – ЦД;

– Мерцедес камион СР – 9602 – АБ;

 

2.Предметот на продажбата од точка 1 е недделив.

3.Точната тежина на возилата ќе биде утврдена по нивното превземање од најповолниот понудувач.

4.Утврдувањето на тежината  на возилата ќе се врши врз основа на мерење за кое ќе се издаде кантарска белешка од возилата и за што ќе биде изготвен записник за примопредавање.

5.Примопредавањето на возилата ќе се врши сукцесивно.

6.Почетната цена за јавното наддавање е 15,00 денари по килограм, со пресметан Данок на додадена вредност.

7.Минимален износ за јавно наддавање е 10% од почетната цена за јавно наддавање.

8.Право на учество имаат сите физички и правни лица кои до денот на јавното наддавање ќе приложат:

– доказ дека уплатиле 50.000,00 денари како депозит;

– пријава за учество на продажба со јавно наддавање;

– дозвола за трговија со неопасен отпад;

– дозвола за транспорт на неопасен отпад;

– дозвола за складирање , третман и преработка на отпад согласно Законот за управување со отпад (Сл. Весник на РМ бр. 9/11, 51/11, 123/12).

  1. Пријавата за учество е задолжителна и треба да содржи: податоци за учесникот и негова адреса, документ за идентификација, овластување за учество во јавно наддавање, ЕМБ/ЕДБ, број на сметката и назив на банката за враќање на уплатениот депозит.

10.Пријавата за учество може да се подигне од Архивата на претпријатието на ул.“ Климент  Охридски“ бр. 35 б Струмица.

11.Депозитот за учество на јавното наддавање да се уплати на сметка на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица и тоа: 200000003051321-Banka deponent: Stopanska banka,

односно : 300030000082630- Banka deponent: Komercijalna banka .   со назнака   “депозит за возила/старо железо“.

12.Најповолниот понудувач  ќе ги сноси сите трошоци  за утовар, транспорт, мерење и други трошоци околу превземањето на возилата.

13.Склучувањето на договорите за продажба со ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, сопственик на возилата ќе се врши во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање.

14.Уплатата на преостанатиот износ на средствата се врши во рок од 10 дена од денот на склучувањето на договорите  со сопственикот на возилата.

15.Предавањето на возилата се врши по уплатата на износот на средствата.

16.Уплатениот паричен депозит од најповолниот наддавач се засметува во постигнатата цена.

17.Најповолниот наддавач кој нема да пристапи кон склучување на договор/и за продажба во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, го губи правото на враќање на паричен депозит.

18.Вкупниот износ кој треба да го плати најповолниот наддавач  ќе се утврди врз основа на записниците за примопредавање на возилата и кантарските белешки.

19.Паричниот депозит на наддавачите кои немаат статус на најповолни наддавачи, се враќа со поднесување на барање .

20.Продажбата со јавно наддавање ќе се одржи на ден 06.12.2023 год. со почеток во 10,00 часот во просториите на дирекцијата на ЈПКД“Комуналец“ – Струмица, на ул.“Климент Охридски“ бр. 35 б  Струмица.

За поблиски информации заинтересираните лица за се јават на телефон 034 346-341.

Комисија за спроведување на постапка за јавно наддавање на   ЈПКД“Комуналец“ – Струмица