Општина Струмица и ЈПКД Комуналец се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден...

Општина Струмица и ЈПКД Комуналец се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на чистењето

2472
0
АКЦИЈА

Како општина која што во своите приоритети ја има здравата и чиста средина за живеење, Струмица и годинава се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на чистење – 15 септември. Иако, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ тоа го прави во континуитет, одбележувајќи го овој ден, се организираше една поширока акција за чистење на три диви депонии и тоа, депонијата позади градските гробишта и двете диви депонии помеѓу населените места Баница и Водоча и Водоча и Вељуса, а се работеше на просторот пред градските гробишта. Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец“ Зоран Горгиев со своите соработници, беа меѓу вработените на јавното претпријатие кои рачно и машински ги чистеа локациите планирани за денешната акција.


-Денеска е Светски ден на чистењето и цел свет е вклучен во една голема светска акција на чистење на нашата планета од загадување. Во тој контекст и општина Струмица денеска спроведува една голема акција за чистење на дивите депонии, опфатени се неколку депонии околу населените места Баница, Водоча и Вељуса. Со тоа решаваме еден горлив проблем кој што се провлекува со години во нашата општина и на кој сакаме да му ставиме крај и ја користам оваа прилика, од оваа акција да апелирам до нашите граѓани по кој знае кој пат, да внимаваат каде го фрлаат ѓубрето, апелирам на подигање на нашата свест за односот кон природата, во заштитата на нашата средина. Мислам дека созреавме доволно за да може да сфатиме дека тоа што ние го правиме кон природата ни се враќа многукратно, ако е позитивно, природата знае позитивно да ни врати, а ако е негативно таа не казнува и мислам дека мораме конечно да донесеме во нашата свест една голема промена во тој однос кон нашата прирoда. Цел свет е вклучен во оваа акција, се вклучуваме и ние и мислам дека со нашето секојдневно однесување ќе придонесеме вакви акции да не се потребни или да се намали обемот на ваквите акции, бидејќи огромна армија на луѓе се потребни за да се исчисти тоа што е депонирано со години. Оваа голема светска акција на нашите простори е организирана од граѓанското здружение „Гоу Грин“ од Скопје, а поддржана од Европскиот парламент и мислам дека акцијата ќе биде успешна, ќе има ефекти, иако дивите депонии остануваат како еден предизвик со кој што и во наредниот период треба сериозно да се занимаваме, рече градоначалникот Јаневски.Фотографија на Општина Струмица.