Одржување на паркови, јавно градско и вонградско зеленило и рекреативни површини на...

Одржување на паркови, јавно градско и вонградско зеленило и рекреативни површини на подрачјето на град Струмица

4592
0
АКЦИЈА

Во рамките на ЈПКД “Комуналец“ – Струмица делува Сектор ,,Управување и одржување јавно зеленило и пазари,,во чиј состав е и одделението,,Зеленило ,,чија основна задача е одржување на јавното градско зеленило. Согласно со одлуката на Советот на општина Струмица се врши одржување на јавните селени површини. Дел од јавните селени површини се одржуваат интензивно, а дел екстензивно. Под интензивно одржување подлежат следните површини:

  1. Парковски зелени површини
  2. Зелени површини на булеварите
  3. Зелени површини кои по урбанистичкиот план се од јавен карактер и тоа:

– ул“Благој Јанко Мучето“

– плоштад Гоце Делчев

– зеленило кај Екстрим

– зеленило кај Тинекс

– кружен тек на ул “Балканска“ и “Маршал Тито“

– крижен тек на ул “22 Декември“ и “Орце Николов“

– зелена повржина на ул “Брака Миладинови“

– зелена површина на ул “Братство и Единство“

– зелена површина на ул “Климент Охридски“

– зелена површина на ул “Маршал Тито“

Под екстензивно одржување подлежат дрворедите и зелените површини околу детските игралишта во градот.

Динамиката и интензитетот на одржување на јавното градско зеленило е одредена согласно со Оперативната програма, истото се врши согласно со прегледите кои се составни делови на Програмата со кои ке се вградат и содржат сите елементи на одржување на градското зеленило со сите негови пропратни делови како и мерки за негово збогатување и реконструирање.

 

  1. ПАРКОВСКИ ПОВРШИНИ

Во парковски површини спаѓаат следниве:

 

  • Парк пред Собрание____________________3.250 м2
  • Градски парк (прв дел)__________________22.575 м2
  • Градски парк (втор дел)_________________16.493 м2
  • Градски парк (трет дел)_________________50.000 м2
  • Бежански парк__________________________ 860 м2
  • Парк „29 Ноември“______________________ 750 м2
  • Вкупно: 928 м2

 

 

  1. ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ НА БУЛЕВАРИ

Во зелени површини на булевари спагат следниве:

Во зелени површини на булевари спаѓаат:

  • бул. ,,Маршал Тито” ____________________ 1.391 м2
  • бул. ,,Ленинова” ________________________ 918 м2
  • бул. ,,Гоце Делчев” _____________________ 850 м2
  • бул. ,,Балканска” _______________________ 700 м2
  • бул. „Климент Охридски“ ________________1.100 м2

Вкупно:_______________________________ 4.959 м2

 

 

  1. ДРУГИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

Во другите зелени површини кои се од јавен карактер и кои се под интензивно

одржување се:

 

  • ул ,,Благој Ј. Мучето” _________________________ 700 м2
  • плоштад ,,Гоце Делчев” _______________________ 280 м2
  • зеленило пред ,,Отекс”______ _________________ 250 м2
  • зеленило кај супер маркетот ____________________ 50 м2
  • кружен тек на ул „Балканска”__________________ 172 м2
  • кружен тек на ул „22 Декември” ________________ 410 м2
  • зелени површина на ул ,,Брака Миладинови” _____ 357 м2
  • зелена површина на ул “Климент Охридски” _____1 100 м2
  • зелена површина на ул ,,Братство и Единство”_____ 78 м2
  • кружен тек на ул.Климент Охридски”_____________ 452 м 2
  • зелена површина на ул.”Маршал Тито” __________1 030 м 2
  • кружен тек на бул.„Гоце Делчев“_________________ 275 м2
  • кружен тек на бул.„Маршал Тито“ ________________ 310 м2
  • кружен тек на бул.„Ленинова“____________________ 51м2

Вкупно: ____________________________________ 5.515 м2

 

Основната дејност на Одделението ,,Зеленило,, е одржување на јавното градско зеленило, а додека дејноста расадничко производство ја потпомага основната дејност преку производство на цветен расаднички материјал.

 

 

 

 

ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА ТЕКОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ НА ГРАДСКОТО

ЗЕЛЕНИЛО И ДИНАМИКА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ

ОПЕРАЦИИ ВО 2017 година

 

ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

 

 

Реден

број

ВИД ОПЕРАЦИЈА Ед.

мера

Количина Број на

операции

1 Грабулање на трева м2 79047 10
2 Машинско косење на тревата м2 79047 10
3 Собирање на искосената трева м2 79047 10
4 Припрема на цветни површини м2 1016 2
5 Садење на сезонско цвеке м2 1016 2
6 Прашење на сезонско цвеке м2 1016 6
7 Кроење на жива ограда м2 336 2
8 Окопување на жива ограда бр. 336 2
9 Окопување на грмушки бр. 3225 1
10 Кроење на грмушки и дрва бр. 3225 1
11 Окопување на ружи бр. 5623 4
12 Кроење на ружи бр. 5623 2
13 Чистење на зелени повешини м2 82615 3
14 Заливање на зелени површини м2 82615 60
15 Сечење на ивици по стази м2 6470 2
16 Собирање на отпад со износ м2 82615 252
17 Метање на стази м2 5600 252
18 Прихранување со минерал. ѓубриво кг 4939
19 Расад сезонско цвеке бр. 30800
20 Вода потрошена за заливање м3 37782
21 Одржување на дрвореди бр. 2385
22 Заштита на палми бр. 32

 

Погледнете ја галеријата