Градоначалникот Јаневски ги посети граѓаните на улицата
„Првомајска“ каде се урна потпорен ѕид.
Обилните врнежи кои изминативе денови ја зафатија општина Струмица во горниот дел на градот.Имено, урнат е потпорниот ѕид на оваа улица, а веднаш по алармот од граѓаните на местото излезе градоначалникот Коста Јаневски, директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев и раководители во ова јавно претпријатие.
Градоначалникот Јаневски се информираше за настаната штета и им вети на граѓаните дека уште утре, доколку дозволат временските услови, ќе почне санацијата на потпорниот ѕид.