Нови наноси на снег, Зимската служба на терен

Нови наноси на снег, Зимската служба на терен

1144
0
АКЦИЈА

Под влијание на влажен и студен бран, денес и утре ќе има нови пообилни врнежи од снег. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување. Насекаде ќе се формира нова покривка од 10 до 30 сантиметри, а на планините позначителна, над 50 сантиметри. Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Во моментов во Струмица, висината на снежната покривка изнесува 7 сантиметри. Екипите на зимската служба се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и тротоарите.  Возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки и високите зони на градот. Се следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.