Нова канализациона мрежа во Коустурино

Нова канализациона мрежа во Коустурино

546
0
АКЦИЈА

Денес Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов заедно со Директорот на ЈПКД „Комуналец„ Струмица Зоран Георгиев го посетија населеното место Костурино каде во привршување е проектот за изведба на секундарни канализациони краци во село Костурино реализиран од страна на Општина Струмица и ЈПКД Комуналец. Станува збор за проект вреден 4.700.000 денари со вкупна должина од 1100 метри од кои 750 метри се реализирани, а по завршувањето на краците ќе се пристапи кон изработка на приклучна мрежа за домаќинствата. Исто така беше посетено и населеното место Раборци каде ЈПКД Комуналец привршува со изградбата на нова мрежа за водоснабдување со што ке биде обезбедена чиста озонирана вода за пиење за секое домаќинство во ова населено место.