Нова дива депонија

Нова дива депонија

287
0
АКЦИЈА

По пријава од совесен граѓанин за правење на нова дива депонија во атарот на населеното место Добрејци, ЈПКД „Комуналец „ го контактираше Јавниот комунален инспектор и заедно беше извршен увид на местото каде е настаната депонијата. По краток увид сторителот беше пронајден и доби наредба од комуналниот инспектор, местото каде што е фрлен отпадот да се исчисти и врати во првобитната состојба во рок од 5 дена. За да не доаѓа до такви несакани дејствија апелираме до сите својот градежен и друг вид на отпад да го пријавуваат на 13 110 и истиот ќе биде подигнат од пред нивниот дом, во спротивно секое истурање на одпад на Јавни површини ќе биде санкционирано. Со голема благодарност до лицето кој го пријави случајот ги охрабруваме и сите други граѓани да пријавуват фрлање на отпад, за сите заедно да придонесеме и кажеме СТОП ЗА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ