Нова дива депонија на патот кон Цареви кули

Нова дива депонија на патот кон Цареви кули

1395
0
АКЦИЈА

По објавувањето на фотографии на социјалните медиуми од фрлен отпад на патот кон царевите кули ЈПКД “Комуналец„ Струмица контактираше со Општинскиот комунален инспекторат и и излегоа на терен. Локацијата со ѓубре беше пронајдена и екипа од ЈПКД „Комуналец“ во текот на денешниот ден ке го собере целото ѓубре и локацијата ке биде вратена во првобитната состојба. Нажалост не беа пронајдени никакви траги или други материјали кои можат да посочат кој го фрлил ѓубрето и со тоа сторителот да биде казнет. Апелираме до совесност на граѓаните да не ја уништуваат убавата околина која ни ја нуди природата, сите оние кои имат отпад да се обратат во ЈПКД „Комуналец“ или да се јават во Центарот за грижа на корисници на тел 13-110 кој работи 24 часа 7 дена во неделата и отпадот ке биде подигнат во најкраток можен рок. Воедно сите граѓани кои забележат како некој фрла отпад на јавни површини или околу сообракајниците да фотографират и да не контактират со што би можеле да пријавиме во Комуналниот инспекторат и сторителите да бидат соодветно санкционирани. Со тоа сите заедно ке помогнеме за заштита на нашата оклина.