Несовесни граѓани повторно фрлаат отпад во поројот “Крушевска Република“

Несовесни граѓани повторно фрлаат отпад во поројот “Крушевска Република“

1323
0
АКЦИЈА

По завршувањето на акцијата за комплетното чистење на поројот “Крушевска Република“ од мостот кај транзитниот пат па се до горниот дел од каналот, која се изврши пред еден месец и со истата се подигнаа вкупно 2150 m³ разновиден отпад, поројот Крушевска Република повторно мета на несовесни граѓани кои својот отпад го фрлиле во каналот. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ апелира да се потенцира несовесното фрлање на отпад и проблемот со отпадот цо каналите, кои се причина за зголемен број на глодари и инсекти, кои понатаму се предизвикувачи на низа епидемиолошки заболувања и директни загадувачи на водите и околината.