“Мижи! Замисли промена“ Буден Театар ја започнува кампањата

“Мижи! Замисли промена“ Буден Театар ја започнува кампањата

1365
0
АКЦИЈА

Буден Театар ја започнува кампањата „Мижи! Замисли промена.“ преку која се стреми да ги поттикне возрасните граѓани и децата активно да се вклучат во мапирање на еколошките проблеми и да „замислат“ можни решенија за почист и поубав град. Во рамките на фестивалот ФЕНЕР ќе бидат организирани 3 еколошки акции со кои ќе се оствари промената која е замислена од страна на децата. Буден Театар го задржува правото да ги одбере трите фотографии и идеи според кои ќе ги реализира овие акции, во однос на она што во моментот е остварливо. 


Буден Театар е независен театарски колектив, активен од 2009 г., кој работи во насока на развој на независната културна сцена во РМ и промоција на меѓународна соработка во полето на културата. Продуцираме претстави за возрасна и детска публика, организираме детски креативни работилници, работилници за професионална надоградба во полето на театарот, а почнувајќи од 2012 г. го организираме. Меѓународниот фестивал за детски театар ФЕНЕР. Користејќи го театарот како средство за задвижување на позитивни промени, имплементираме проекти кои се осврнуваат на актуелни општествени прашања и зајакнување на локалната заедница.