Канализација

Канализација

1883
0
АКЦИЈА

Канализациониот систем на град Струмица е сепаративан и водите од него гравитационо се испуштаат во реципиентите – реките Тркања и Водоча.


Изграден е од азбест-цементни, ПВЦ и ПЕ цевки со пречник од Ф200мм до Ф1400мм во вкупна должина од околу 105км. Канализационите цевки се водени по осовината на улиците, со заеднички ревизорни шахти.

Фекалната канализација е решена преку единаесет главни колектори (К1 – К11) во кој се приклучуваат соодветните секундарните канали. Сите колектори се сливат во еден главен собирен колектор (Ко) кој се испушта во река Тркања, близу до локацијата на идната пречистителна станица за отпадни води.

Атмосферската канализација ги опфаќа каналите за одводнување на водите од урбаното градско подрачје, како и одводните канали кои ги прифаќаат надворешните површински води што го напаѓаат урбаното подрачје.

Атмосферската канализација во градското подрачје е организирана во осум главни колектори ( К1 – К8 ). Испуштањето на колекторите К1, К2 и К3 е директно во река Водоча, додека колекторите К4, К5, К6, К7 и К8 се испуштаат во отворениот канал “Крушевска Република“ кој се влива во река Тркања.

 

 

 

Активности што ги спроведува одделение Канализација

 

  • Одржување на канализационата мрежа.
  • Извршување работи и услуги.
  • Инвестициони активности.
  • Изработка на документација — подземен катастар

 

Одржување на канализационата мрежа

 

При одржувањето на канализационата мрежа се обавуваат неколку видови работи како што се:

  1. Надворешен и технички преглед на мрежата.
  2. Одржување на канализационите линии.
  3. Одржување на објектите за прием на атмосферските води.
  4. Работи на канализационите приклучоци.

 

  1. Со надворешниот преглед ќе се проверува состојбата на објектите со визуелен преглед на ревизорните шахти, сливници, таложници, испусти, ќе се констатират разни вдлабнатини на коловозите, проверка на легалните и диви прклучоци и др.

Надворешните прегледи во зависност од категоријата на објектот се обавуваат еднаш месецот, еднаш во три месеци или по потреба.

Техничкиот преглед се обавува со цел да се утврди состојбата на мрежата, хидрауличните услови во објектите на канализацијата.

При оваа треба да се има изведбено-техничка документација за објектите.

  1. Одржувањето на канализационите цевни линии содржи механичко чистење, перење, чистење со помош на автоцистерна под притисок и разни поправки како што се поправки на качувалките, кинетите, капаците и др.
  2. Одржувањето на објектите за прием на атмосферските води се состои од чистење на сливниците и таложниците од насобран материјал во нив со автоцистерна или рачно. Исто така се вршат разни поправки на аливници и нивна врска со канализационата линија.
  3. Одржувањето на приклучоците се состои од чистење и перење на приклучокот.

Со техничките прописи е утврдено дека под канализациониот приклучок кој се одржува се подразбира делот на приклучокот од уличната канализациона линија до приклучната шахта на тротоарот или во дворот. Тој дел на приклучок го изведува и одржува ЈПКД “ Комуналец“.

 

 

Специјални возила со која располага Одделението “Канализација “

 

 

  • Автоцистерна под притисок……………………………………………. 1 број,
  • Автоцистерна со вакум…………………………………………………… 1 број,
  • Чистач под притисок за внатрешно чистење……………………. 1 број,

Автоцистерна комбинирана( притисок и вакум)……………….. 1 бро