Изгаснати пожарите на депонијата Шапкар, локацијата се тампонира

Изгаснати пожарите на депонијата Шапкар, локацијата се тампонира

1127
0
АКЦИЈА

Активностите спроведени на терен резултираа со гаснење на пожарите, затрупан и покриен е повеќе од половина од отпадот на депонијата. Тешка механизација веќе неколку дена работи на локацијата, со цел конзервација на просторот што веќе неколку месеци наназад беше опожаруван.Депонијата денес е целосно изгасната. Чадот кој што се ширеше кон  блиските населени места  повеќе го нема. На депонијата  интензивно се носи земја и песок со која се покрива локалитетот, како мерка со која ќе се оневозможи повторно активирање на пожарот.