Следејќи ги согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ЈПКД „Комуналец“ – Струмица во соработка со Општина Струмица и Територијалната професионална противпожарна единица во раните утрински часови секојдневно врши дезинфекција на сите улици низ градот Струмица. Покрај тоа денес се дезинфекцираа и улици низ населените места Куклиш, Добрејци и Просениково. Се известуваат сите граѓани дека во сабота пазарите „Чешел„ и „Кантон„ ке работат нормално а ќе се продаваат само прехрамбени и земјоделски и прехрамбени производи . Носењето на маски и заштитни ракавици е задолжително на овие пазари за сите продавачи како и за сите купувачи. Се известуваат сите граѓани задолжително да ги следат и сите други препораки на Владата за превенција од ширење на корона вирусот.