Зимската служба ги чисти улиците од снегот

Зимската служба ги чисти улиците од снегот

1239
0
АКЦИЈА
Снежните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Струмица засега не предизвикуваат посериозни проблеми, освен на патниот правец кон населените места Попчево и Рич, каде што веднаш е активирана механизација за чистење на снегот од коловозот.Интензивно се работи за чистење на снегот од патиштата, улиците, тротоарите и другите јавни површини. Зимската служба на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од денес се излезени на терен и со постојната механизација се отстрани снегот на главните сообраќајници, периферните делови на градот, посебно во горниот дел на градот. Технички се подготвени возилата за рапрскување на солта, спремени се две мали возила за расчистување на пешачките зони (тротоари),набавени се 30 тони сол, 25 тони ризла.

ЈПКД “Комуналец“ апелира до своите граѓани, да ги отстранат возилата од улиците, за да можат специјализираните служби, непречено да работат на расчистување на снегот и мразот.