Зимската служба ги чисти улиците од снегот

Зимската служба ги чисти улиците од снегот

1610
0
АКЦИЈА
Времето во Струмица ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Пообилни врнежи имаше во текот на ноќта а ќе продолжат во текот на денот. Се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см).Зимската служба на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од синоќа се излезени на терен и со постојната механизација се отстрани снегот на главните сообраќајници во градот, но поради силниот интензитет на врнежите, комуналната акција се одвиваше отежнато и истата продолжи во раните утрински часови.Освен во централното градско подрачје, се работи и во периферните делови на градот, посебно во горниот дел на градот. Технички се подготвени возилата за рапрскување на солта, спремени се две мали возила за расчистување на пешачките зони (тротоари),набавени се 30 тони сол, 25 тони ризла. Досега се фрлени 4,5 тони сол и 1,5 тони ризла и се исчистени околу 80% од улиците во градот.

ЈПКД “Комуналец“ апелира до своите граѓани, да ги отстранат возилата од улиците, за да можат специјализираните служби, непречено да работат на расчистување на снегот и мразот.

Од ЈПКД “Комуналец“ се подготвени за справување со последиците од снегот и ниските температури кои што се најавуваат за во наредните денови.