Завршува доставувањето на нови корпи за отпадоци

Завршува доставувањето на нови корпи за отпадоци

2116
0
АКЦИЈА

ЈПКД ,, Комуналец ,,  во соработка со Општина Струмица денес завршува со акцијата за  доставување  на нови корпи за отпадоци. Во акцијата се поделени бесплатно околу 9500 нови пластични корпи, се со цел да се подобри квалитетот на собирање на отпад од домаќинствата и  улиците да бидат почисти и поуредени.  Се известуваат граѓаните кои не добиле корпи поради отсуство од своите домови во текот на акцијата, дека своите корпите можат да ги подигнат од  дворот на ,,ЈПКД Комуналец Струмица,, секој работен ден од 07 до 15 ч.  со лична карта од носителот на комуналното право.