Жардинериите повторно мета на вандалите

Жардинериите повторно мета на вандалите

1904
0
АКЦИЈА
Честа мета во вечерните часови се жардинериите за цвеќе поставени на плоштадот “Гоце Делчев“.Се повеќе објекти на јавните површини низ Струмица се мета не несовесни поединци, кои со своето девијантно однесување продолжуваат да ги оштетуваат јавните добра. Иако надлежните институции постојано реагираат и испраќаат апел до граѓаните, многумина го поставуваат прашањето, зошто овие проблеми со децении се провлекуваат низ струмичките улици? Граѓаните сметаат дека треба да се стави крај на овие девијантни појави во општеството, а сторителите да добијат високи парични казни, како во иднина не би ги повториле оваа чинови.