„Еко фронт“ со генерално чистење на населено место Муртино

„Еко фронт“ со генерално чистење на населено место Муртино

1165
0
АКЦИЈА

Големата акција „Еко фронт – Чиста да ни е“, која е во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ се реализира веќе неколку месеци, денес се реализираа активности во населеното место Муртино и неговата околина, каде се спроведе рачно и машинско метење и миење, како и расчистување на каналите. Во акцијата беа ангажирани приближно 40 работници, а од расположливата механизација  беа вклучени: специјално комунално возило– патарка, специјално комунално возило – метларка, автоцистерна и дополнителна механизација. Упатуваме апел до граѓаните да земат дел на било каков начин во кампањата „Еко фронт – Чиста да ни е“, заедно сите со оваа акција да дадеме еден нов белег во чистота и културата на живеење во Општина Струмица.