Еко акција „Чисти ридови за сите„

Еко акција „Чисти ридови за сите„

556
0
АКЦИЈА

По покана од Велосипедскиот Клуб „Актив„ за подршка на Еко акцијата „Чисти ридови за сите„ која се одржува по трети пат во текот на годината, ЈПКД „Комуналец„-Струмица активно се вклучи со петнаесетина работници и две возила. Во акцијата се собираше отпадот расфрлан од наши несовесни граѓани на потегот околу патот до Чамчифлик и на трим патеката до Ловен дом. Покрај секојдневните апели до граѓаните за не фрлање на отпад во природата ЈПКД „Комуналец„ секогаш излегува во подршка на ваквите акции и ги охрабрува и помага сите други групи или организации на граѓани за организирано чистење на животната средина ,со верба дека заедно и организирано можеме и мораме да делуваме за да имаме почиста животна средина.