Еко акција за чистење на просторот околу и во градските гробишта

Еко акција за чистење на просторот околу и во градските гробишта

196
0
АКЦИЈА

ЈПКД „Комуналец„ Струмица спроведе еко акција за чистење на просторот околу и во градските гробишта како и отстранување на мини дивата депонија на влезот во Баница која се појавува секој месец. Континуирано со сите расположиви ресурси се работи на терен за чистење и подобрување на лошата слика кои ја прават граѓани кои неодговорно се однесуваат кон животната средина. Се надеваме дека апелите и укажувањата за пријавување на отпадот на бројот 13 110, за фрлање на отпад исклучиво во кантите за отпадоци и контењери ќе допрат до сите вас а со тоа сите заедно ќе имаме поубава почиста околина.