Генерално чистење на улици низ Струмица

Генерално чистење на улици низ Струмица

787
0
АКЦИЈА

Денес ЈПКД „Комуналец„ Струмица започна со најавената акција за генерално чистење на улиците низ Струмица, поточно се започна со улиците Мајка Тереза и Кољо Орцев. Истовремено посебна екипа започна и со чистење и дезифекција со посипување на талк на просторот околу металните контењери низ градот, додека пак екипа од Градско зеленило врши есенско кроење на дрвјата на улиците Маршал Тито и Сандо Масев. Сепак за целосна подобра слика и чистоќа на улиците, укажуваме до сите граѓани отпадот од домаќинствата да го фрлат исклучиво во контењерите. Потенцираме дека за секаков друг вид на отпад постои бројот 13-110 кој работи 24 часа и во договор со службите отпадот ќе биде подигнат во најскоро можно време. Секое оставање на смет и друг градежен отпад околу контењерите дава лоша слика ја покажува нашата некултура и негрижа за животната средина во која сите ние живееме.