Генерално чистење на дивите депонии на локалниот пат кон населените места Баница,...

Генерално чистење на дивите депонии на локалниот пат кон населените места Баница, Водоча и Вељуса

2527
0
АКЦИЈА

И по светскиот ден чистењето – 15 септември, работни единици од сите одделенија при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ продолжи со акцијата за чистење на дивите депонии и населените места на територија на општина Струмица. Вчера започна со чистење на потегот од градските гробишта до манастирот во Водоча, а денеска екипите продолжија со чистењето кон населеното место Вељуса. На потегот на овој локален пат континуирано се појавува проблем со отпад оставен од несовесни граѓани покрај патот, каналот во населено место Водоча и на други локации во овој дел од општината.  Апелираме до сите наши граѓани да не го оставаат губрето покрај патиштата туку да се јават во ЈПКД ,, Комуналец ,, и истото ке биде подигнато.