Генерално чистење на внатрешниот дел на Спомен Костурницата над градот

Генерално чистење на внатрешниот дел на Спомен Костурницата над градот

2666
0
АКЦИЈА

Работни единици од одделенијата “Чистота” и “Градско Зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец” започна акција за генерално чистење на Спомен Костурницата на ридот Самораница над градот.Спомен Костурница е изграден на ридот Самораница на 327 м. надморска висина. Изградбата започна 1979 година, а на 04.07.1982 година со свечен чин се пренесени моштите на загинатите борци во НОВ и положени во саркофагот. Во саркофагот се наоѓаат посмртните останки на: Благој Јанков Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов. Дело е на архитектот Благој Колев, граден е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер. Аулата има 2 врати влез – излез и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозора и еден централен. Платото е градено во замисла на отворен амфитеатар, а мермерните платна се во форма на раскинати ланци, раскинето ропство. Пишаните стихови пред влезот во аулата се на Коце Солунски.


Акцијата денеска продолжи во внатрешниот дел од спомен обележјето. Оваа акција е во склоп на акивностите за одржување на спомен обележјата на територијата на Општина Струмица. Да се зачува генералната слика на најчиста општина во Македонија.Инаку, од минатиот месец Спомен костурницата доби и осветлување од страна на ЈП „Паркиралишта Струмица“, каде беа монтирани нови светлосни елементи. Струмичани ќе можат во ноќните часови да го посетуваат оваа спомен обележје на загинати борци од Струмица и струмичко во Втората светска војна.