Во склоп на Годишната програма се изврши генерално чистење на Градските гробишта

Во склоп на Годишната програма се изврши генерално чистење на Градските гробишта

1059
0
АКЦИЈА

Одделенијата “Комунална Хигиена“, “Одржување и управување со градските гробишта“, “Одржување и управување со јавно зеленило“ и секторот “Механизација“ при ЈПКД “Комуналец“ ја започнаа акцијата за  чистење на градските гробишта. Со чистењето беше опфатена улицата која води до Градска капела,  целиот комплекс и сите гробни места и патеки беа исчистени од треви, стари дрвја, бетонски и други остатоци и се изврши хортикултурно уредување.