Вандали дивеат низ Струмица

Вандали дивеат низ Струмица

1348
0
АКЦИЈА

И ова лето во пораст е деструктивното однесување на поединци кои продолжуваат да ги уништуваат јавните добра во градот. На мета на вандалите беа цветните расади во бетонските жардинерии на плоштадот “Гоце Делчев“.Треба уште многу да се поработи на подигнување на јавната свест. Актуелни се повеќе случаи на девијантно однесување во парковите, а не се поштедени ниту цвеќињата од јавните површини,  кои исто така се уништуваат. ЈПКД “Комуналец“ апелира до граѓаните да не ги оштетуваат  цветните расади  кои ги красат парковите и зелените површини  низ градот. Струмичани не останаа рамнодушни на ова. Кај некои предизвика гнев, кај некои разочараност, кај некои зачуденост…