Безобѕирниот вандализам во Струмица продолжува

Безобѕирниот вандализам во Струмица продолжува

1702
0
АКЦИЈА

Во раните утрински часови, непознати лица ги оштетиле жардинериите поставени на плоштадот “Гоце Делчев“. Вработени во одделението “Зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ извршија санација на штетата. Беа променети жардинерите. Како ЈПКД “Комуналец“Струмица го осудуваме вандализмот и повторно апелираме и понатаму за подигање на свеста кај несовесните граѓани кои ги уништуваат јавните добра. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.