Акција за чистење на населените места

Акција за чистење на населените места

1307
0
АКЦИЈА

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица ги известуваат граѓаните дека започнуваат со Акција за генерално чистење на населените места. Во населеното место Градско Балдовци, акцијата ќе се спроведе на ден 09.02.2018 година (петок).


Вработените во „Комуналец“ ќе ги чистат улиците и ќе го собираат отпадот од домаќинствата. Во акцијата треба да се вклучат и граѓаните. Единственото што тие треба да го направат е само да го извадат својот отпад од подрумските простории и дворните места пред своите домови и да се јават на телефонскиот број 034 325 909 и веднаш уште истиот ден отпадот ќе биде подигнат.

Затоа од „Комуналец“ апелираат до граѓаните од населените места во кои се спроведува акцијата, доколку имаат отпад во своите домови да ја искористат оваа можност и да го исфрлат од своите домови.