Акцијата за поставување на нови контенјери продолжува

Акцијата за поставување на нови контенјери продолжува

1503
0
АКЦИЈА

Минатиот месец беше отпочната акција на заменување и дополнување на контенјерите на територија на Општина Струмица, од страна на одделението “Комунална Хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“. Беа поставени 150 нови контенјери на повеќе локации во градот, постоечките беа дезинфикцирани и поправени. Во текот на оваа работна недела се поставија нови контенјери на потегот на улиците “Ката Поцкова“ и “Боро Поцков“. Акцијата продолжува со цел да се надополни и зголеми бројот на места каде граѓаните ке го оставаат својот отпад за истиот да биде отстранет и да се избегне грдата слика на новонастанати диви депонии.