Кроење на дрвја низ Општина Струмица

Кроење на дрвја низ Општина Струмица

144
0
АКЦИЈА

Eкипи  од ,, Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ денес   продолжија  со акцијата за кроење на дрворедите низ  Струмица. Се започна од улицата 24 Октомври т.е од  раскрницата кај поранешен Комуналец, и се планира да се кројат дрвјата од двете страни на улицата до државната болница.  Поради присуство на механизација со која се кројат и отстрануват сечените гранки  се молат сите граѓани да ги отсранат и да не ги паркираат своите возила од 09 до 16 часот. Во исто време се известуваат и останатите граѓани дека за тоа време улицата 24 Октомври  ќе биде затворена за сообракај .