Чистење на дива депонија на ул Бетовенова

Чистење на дива депонија на ул Бетовенова

257
0
АКЦИЈА

 


Деновиве несовесни граѓани кои гравитираат околу улица Бетовенова повторно го истурија својот шут и стар мебел покрај улицата на која живеат. Фотографиите и овој пат покажуваат дека посебно во овој дел од градот жителите немаат основни навики за култура, хигиена, едноставно се што им е непотребно го фрлаат покрај улица, покрај местото каде што секојдневно поминуваат, покрај местата каде што нивните деца го поминуваат поголем дел од времето. Сето ова дава крајно лоша слика за нив но и за останатите граѓани па и за цела Општина Струмица. И покрај секојдневните укажувања  уште еднаш апелираме дека прво ние самите со нашата домашна култура воспитание и хигиена треба да допринесеме за да имаме поубава почиста околина во која ке живееме подобро, ќе се чувствуваме поубаво. Екипа од       Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД “Комуналец денес беше на терен и започна со чистење и се надева дека со вашето поразумно и покултурно однесување ваквите депонии ке бидат се поретка појава.