Работно време на трговски центар Глобал и зелените пазари

Работно време на трговски центар Глобал и зелените пазари

36
0
АКЦИЈА

Согласно со најновите препораки на Владата за намалување на заострените мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот и препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, ЈПКД „Комуналец„ Струмица ги известува граѓаните дека Трговскиот центар „ Глобал„ како и останатите зелени пазари на територијата на општина Струмица целосно се отворени за работа (освен угостителските објекти), со работно време од 10 до 18 часот. Секако задолжително е носење на заштитна маска за сите присутни како и држење на поголемо растојание од 2 метра. Исто така се препорачува и често дезинфицирање на рацете и избегнување на собирање во групи се со цел за поголема заштита од корона вирусот.