Несовесно однесување на граѓани од горниот дел на градот

Несовесно однесување на граѓани од горниот дел на градот

254
0
АКЦИЈА

Поради несовесно однесување на граѓани од  горниот дел на градот, кракот од одводниот канал  кој се наоѓа на улицата Бошко Буха е узурпиран и  претворен во дива депонија. Екипи од ЈПКД „ Комуналец „ излегоа на терен и започнаа со отстранување на сметот и чистење на каналот како и со чистење на помошните решетки кои служат за поскоро собирање на надојдените води во одводната мрежа. Со тоа се спречуваат поплави во долните  но и погорните делови на градот. Се апелира до сите граѓани посебно до оние кои живеат околу каналите својот смет да не го фрлаат во или околу нив. Нивното неодговорно однесување придонесува до големи штети и поплави, извор на зараза и со тоа уништуват се она што е направено со функција да ни користи и помага во разни ситуации.  Со цел за поголема ефикасност и побрз одговор на комуналните проблеми со кои се среќаваат граѓаните ЈПКД „Комуналец„ отвори телефонски број 13-110 кој работи 24 часа, а на кој сите граѓани можат да ги пријавуваат сите дефекти на водоводната и канализационата мрежа како и проблемите од јавна чистоќа. На овој број можат да се јават и сите граѓани кои имат потреба од подигање на шут, градежен отпад, гранки од дрвја и друг цврст отпад.