Известување

Известување

208
0
АКЦИЈА

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица ги известува граѓаните дека од денес сите зелени пазари се отворени за продажба на земјоделски и прехранбени производи вклучувајки го и Кванташки пазар но со посебни услови за работа заради вонредните околности со Covid 19. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши постојана дезинфекција, а постави и редари за максимално почитување на посебните услови. Тоа значи дека сите продавачи треба да носат заштитни маски и ракавици, а истите заштитни мерки важат и за купувачите. Сепак се предупредуваат сите граѓани да ги почитуваат сите мерки  и најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.