Известување за работното време на градските пазари

Известување за работното време на градските пазари

53
0
АКЦИЈА

Согласно со најновите препораки на Владата за намалување  на заострените  мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот и препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, ЈПКД „Комуналец„ Струмица известува дека зелените пазари „Чешел„ , „Кантон„ како и Кванташки пазар работат во Понеделник до Петок  од 07 до 18 часот. а Сабота до 14 часот. Исто така со работа започнува и Сточниот пазар со работно време во Сабота до 14 часот. Сите овие места секојдневно се чистат  дезинфицират но сепак поради заштита од корона вирусот сите продавачи треба да носат заштитни маски и ракавици, а истите заштитни мерки важат и за купувачите, а задолжително е и држење на растојание од 2 метри.