Известување за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење...

Известување за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот

256
0
АКЦИЈА

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот ЈПКД ,,Комуналец,,- Струмица согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство со апел до граѓаните во кој се вели:


 1. Сите Ваши потреби со службите на ЈПКД ,,Комуналец,, – Струмица да ги извршувате преку телефон или со електронски пораки (email).

 2. Плаќањето да го Вршите преку електронските банкарства на Вашите банки. Сите наплатни пунктови се во функција и во крајна потреба можете да ги користите и нив или некој од Вашите досегашни начини на наплата.

 3. За сите проблеми да ги контактирате Раководителите во  ЈПКД ,,Комуналец,,-Струмица од Понеделник до Петок од 07 ч до 15ч по телефон и тоа:

Проблеми со водоводни и канализациони инсталации (дефекти, запушувања, истекувања, нови приклучоци и слично):
Андреј Тошев 070 347 622

Проблеми од правна природа (извршувања, тужби, опомени и слично):
Марија Петковска  075 248 535

 Проблеми поврзани со сметките кои ги добивате од ЈПКД ,,Комуналец,,- Струмица “ (корекции, грешки, одјавувања и слично):
За Правни лица  Оливер Чолаков 075 248 256

За Физички лица Славица Никовска 076 200 574

Раководителите ќе одговорат на Вашите прашања и проблеми и ќе Ве упатат во понатамошните постапки.

Отворени електронски пошти:

info@komunalec-strumica.com.mk

komunalecweb@gmail.com

Исто така Ве известуваме дека Читачите на водомери (Инкасаторите) нема да вршат читање на Вашите водомери кои се наоѓаат во Вашите домови туку само на водомери кои се наоѓаат во шахта надвор од Вашите домови. Доколку сакате да добиете сметка со точна состојба на водомерите, или да ја пријавите состојбата на вашиот водомер можете да се обратите кај  Читачите на водомери.

За Правни лица  Ристо Перов 078 333 981

За Физички лица Зоран Чивчиев  078 572 745

стои во апелот со препораки на ЈПКД ,,Комуналец,,- Струмица ,  за заштита од корона вирусот.