Дезинфекција на Кванташки Пазар

Дезинфекција на Кванташки Пазар

83
0
АКЦИЈА

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши постојана дезинфекција на отворените пазари како и  на кванташки пазар, а постави и редари за максимално почитување на посебните услови. Тоа значи дека сите продавачи треба да носат заштитни маски и ракавици, а истите заштитни мерки важат и за купувачите. Сепак се предупредуваат сите граѓани да ги почитуваат сите мерки  и најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.