Aкција за генерално чистење на Спомен Костурницата

Aкција за генерално чистење на Спомен Костурницата

1559
0
АКЦИЈА

Работни единици од одделенијата „Комунална хигиена” и „Градско зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец” започнаа акција за генерално чистење на Спомен Костурницата на ридот Самораница над градот. Со кастрење на гранките, тревите, збирање на сметот, т.с со   генерално уредување на пристапната патека до овој споменик како и негово целосно чистење ЈПКД „Комуналец„ се обидува на овој споменик да му даде урбан изглед , овозможувајки  сите граѓани кои го посетуват овој прекрасен споменик да одмараат и рекреират во убав урбан амбиент и да уживаат  во  прекрасниот поглед на градот и целата Струмичка котлина.