Јавните чешми на нишан на вандалите

Јавните чешми на нишан на вандалите

2157
0
АКЦИЈА
Јавните чешми, кои се повеќе од потребни за задоволувањето на жедта во пеколните лета, и оваа година се на нишан на вандалите, кои „без пардон“ ги демолираат. Демолирана е јавната чешма кај основното училиште “Никола Вапцаров”. Екипите за санирање дефекти постојано се на терен и се обидуваат сите јавни чешми постојано да бидат во функција. Од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ апелираат граѓаните да не ги уништуваат чешмите, кои се спас за граѓаните во летните денови.