“Штеди вода, кажи ни како?” проект-кампања на ЈПКД Комуналец

“Штеди вода, кажи ни како?” проект-кампања на ЈПКД Комуналец

5215
0
АКЦИЈА

Проектот под наслов “Штеди вода, кажи ни како?” е кампања која е осмислена да ги опфати  и анимира учениците  од сите основни училишта на територијата на Општина Струмица.Целта е од мали нозе да се подигне свеста и да се стекнат навики за користењето на водата како општо добро и нејзиното значење во животот на човекот. Во оваа група ќе бидат опфатени учениците на возраст oд 6 до 10 години односно ученици од прво до петто одделение.Со реализација на проектот се очекува постигнување на генералната  и конкретна цел која е поставена, а тоа е едукација и подигнување на еколошката свест, изградување на позитивен однос кон природните богатства и животната средина, изградување на позитивен однос кон општествените добра,  формирање навики за штедење на водата, стекнување културни хигиенски навики, развивање свест за правилна употреба и продолжување на времето на користење на чешмите, рационална потрошувачка во својата средина, штедење на водата и финансиска заштеда на подолг временски период.