Чистење на базенот Аквариус

Чистење на базенот Аквариус

2253
0
АКЦИЈА

По повод Верскиот празник Водици кога се фрла крст во водата на базенот Аквариус,  екипа на  Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД “Комуналец започна со чистење на просторот околу базентот. Се собираше оставениот отпад и се чистеше просторот се со цел граѓаните кои во огромен број ќе бидат присутни на настанот да имаат чиста урбана средина. Воедно апелираме до сите присутни на настанот да се однесуваат совесно и своите отпадоци да ги фрлат во корпите за губре и на тој начин да покажат дека веке полека расте нашата еколошка свест, и со тоа да дадат допринос за почиста поубава животна средина.