Чистење и уредување на излетничко место “Габровски Водопади“

Чистење и уредување на излетничко место “Габровски Водопади“

2800
0
АКЦИЈА

Работната единица од одделението “Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“, денес, 24.07.2018 година извршија кроење на дрвјата и отстранување на отпадот од излетничкото место “Габровски Водопади“. Во текот на летниот период Габровските водопади се идеално прибежиште од високите температури и се доста посетени како од локалното население така и од туристи. ЈПКД Комуналец апелира за совесно и одговорно однесување при посета на околните излетнички места за да ги зачуваме чисти овие природни богаства.