Се чисти дворниот простор на одделението за неврологија

Се чисти дворниот простор на одделението за неврологија

2262
0
АКЦИЈА

Деновиве интензивно се работи на чистење и уредување на дворната површина каде е сместено одделението за неврологија . На иницијатива на оперативниот тим а со помош на ЈПКД,,Комуналец“  отпочна акцијата и взаемна соработка се со цел пациентите како и лицата кои гравитираат во кругот на одделението да имаат простор за седење и посета на најблиските. Работната единица од одделението ,,Чистота,, при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ со потребната опрема допринесува потешкиот смет да биде отстранет и просторот максимално биде искористен. Акцијата ќе трае неколку дена до целосно расчистување и уредување на дворниот простор во одделението.


ЈКПД ,,Комуналец,,  ќе продолжи и во иднина да соработува не само со институциите туку и граѓаните се со цел почиста животна средина.