Риболовен куп за вработените во ЈПКД Комуналец

Риболовен куп за вработените во ЈПКД Комуналец

2346
0
АКЦИЈА

Недела 20-ти август на браната Водоча се организираше риболовен куп во кој учествуваа вработени од повеќе сектори во ЈПКД Комуналец.Риболовниот куп беше организиран од Синдикалната оранизација при ЈПКД Комуналец во соработка со фирмата „Фишнет“ од Струмица, поддржано од Риболовното друштво „Бистро“ од Струмица. Помагатели на настанот се ДОО Кожувчанка и Цермат.На овој турнир, кој за прв пат се организира, во пријатна и опуштена атмосфера се натпреваруваа 13 вработени од оваа општинско претпријатие, а првото место, односно шампион на Купот е Русе Филиповски. Зад него на второто место се пласира Ѓоко Костадиновски, а третото место го освои Митко Танчевски.


Организаторите се надеваат дека овој КУП ќе се организира секоја година и ќе биде традиционален за вработените во ЈПКД „Комуналец“.